Книжевен збор - категорија

кампус повеќе

мн. кампуси
Вид збор: Именка, машки род
табор, камп, универзитетски терен
Англиски: campus
Примери:
владејачки кампус

комплемент повеќе

мн. комплементи
Вид збор: Именка, машки род
додаток кон нешто, надополнување
Англиски: complement
Примери:
логички комплемент

конгестија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
затнување, блокирање
Англиски: congestion
Примери:
Без оглед на полот или релативната генитална конгестија, луѓето речиси рефлексивно го негуваат сексуалното сликовито изразување.

конструкт повеќе

мн. конструкти
Вид збор: Именка, машки род
Работна хипотеза или мисловна конструкција за опишување на феномени.
Англиски: construct
конструкција
Англиски: construction

контрапродуктивен повеќе

контрапродуктивни
Вид збор: Придавка
Што има спротивен ефект од посакуваниот.
Англиски: counterproductive
Примери:
контрапродуктивни предлози

контроверзија повеќе

мн. контроверзии
Вид збор: Именка, женски род
различно мислење
Англиски: controversy
Примери:
Имаше контроверзија околу вистинитоста на податоците.

крајолик повеќе

(едн.) крајоликот
Вид збор: Именка, машки род
пејзаж, убав крај
Англиски: landscape
Примери:
Музејската збирка е поделена во четири тематски секции: крајолик, мртва природа, акт и историја.

креационизам повеќе

(едн.) креационизам
Вид збор: Именка, машки род
творештво
Албански: kreacionizëm, krijimtari
Примери:
Слободата на медиумите е сè, алфа и омега на политичкиот креационизам од кој се раѓа политичката култура.

криминоген повеќе

криминогени
Вид збор: Придавка
Што создава криминал; што е длабоко поврзан со криминал.
Примери:
криминогени структури
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш